Хитот на неодамна починатиот британски поп-пејач Џорџ Мајкл „Last Christmas“ првпат од нејзиното издавање влезе во топ-10 на британските листи по веста за неговата смрт.
Нумерата го зазема седмото место на официјалната листа на најслушаните во Велика Британија, што е рекорд во 31-годишното постоење.
Исто така, оваа песна стана и една од најемитуваните на радиостаниците изминатата седмица. Композицијата била емитувана во етерот 3,6 милиони пати.
Џорџ Мајкл, чие вистинско име е Георгиос Киријакос Панајоту, почина во неделата на 53-годишна возраст во својот дом во местото Горинг во англиската грофовија Оксфордшир.
Полицијата проценува дека смртта на пејачот кој во својата контроверзна и бурна кариера продаде 100 милиони носачи на звук, е „необјаснива, но не и сомнителна“, а медиумите шпекулираат дека причината може да е срцева слабост.
Во петокот BBC, повикувајќи се на полициски извори, објави дека обдукцијата која тебаше да ги потврди причините за смртта на Џорџ Мајкл дала „нејасни“ резултати.