26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонски домови: 6.9% имаат само полско WC, 5.8% немаат када или туш

Македонски домови: 6.9% имаат само полско WC, 5.8% немаат када или туш

dom

6.9% од македонските домаќинства имаат само полско WC, 5.8% немаат када или туш, а 12.9% живеат во несоодветни услови: покрив што протекува, влажни ѕидови или искршени и гнили прозорци. Ова го покажува најновата „Анкета за приходите и за условите за живеење во 2015-та“ што ја објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

3.8% од семејствата немаат ни фиксен ни мобилен телефон, 0.7% немаат телевизор, 28.5% немаат компјутер, 5.4% немаат машина за перење, а 39.7% не поседуваат автомобил.

Според истата публикација македонското семејство располага со дом кој во просек има 3.5 соби односно 0.9 соби по член (просечната големина на домаќинствата е 3.7 луѓе). 72.6% од семејствата живеат во единечни семејни куќи, 10.6% во лепенки, 16.6% во станови.

Секој четврти Македонец живее во сиромаштија

Секој четврти Македонец живее во сиромаштија. Стапката на сиромаштија изнесувала 21.5% во 2015-та. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) во однос на 2014-та е намалена за 0.6, а во однос на 2013-та за 2.7 процентни поени.

Минатата година 445.000 Македонци живееле под прагот на сиромаштија кој за самечко домаќинство изнесува 78.000, а за четиричлено домаќинство 164.000 денари годишен приход.

Највисока стапка на сиромаштија има кај најмладите односно децата до 17 години, изнесувала 28.6%; а најниска кај највозрасните односно постарите од 65 години, изнесувала 14.5%.

39.7% од невработените, 8.9% од вработените и 7.3% од пензионерите живеат во сиромаштија.

Минимално намалување на трошоците на живот

Трошоците на живот се намалени за 0.2% во ноември 2016-та во однос на ноември 2015-та.

Според податоците на ДЗС најмногу поевтиниле категориите „останати стоки и услуги“ (-2.0%); потоа храна и пијалаци (-1.5%), здравје (-1.4%), рекреација и култура (-0.9%), домување и комуналии (-0.5%) и образование (-0.1%). Истовремено најмногу поскапеле алкохолот и цигарите (+5.0%), мебел и покуќнина (+3.6%), ресторани и хотели (+1.6%), комуникации (+1.3%), транспорт (+0.7%). Кога се ќе се собере вкупните трошоци на живот се намалиле за 0.2%.

Минимално зголемување на просечната плата

Просечната плата во октомври достигнала 22.460 денари. Во однос на истиот месец лани е поголема за 1.1%, покажуваат најновите податоци на ДЗС.

Највисоки примања имаат вработените во воздухопловството и во осигурителниот бизнис – заработуваат од 38.000 па се до 58.000 денари, а најниски и натаму текстилците и кожарите – платите се меѓу 11.000 и 14.000 денари.

„Зголемувањето на нето платата се должи на повисоката исплатена платата во секторите градежништво, административни и помошни услужни дејности и објекти за сместување и сервисни дејности со храна и тоа во просек за околу 6%“ наведува ДЗС.

Во октомври годинава 1.1% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП