9 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАпчињата против болки може да влијаат на слухот

Апчињата против болки може да влијаат на слухот

thinkstock_rf_man_holding_glass_of_water_and_pills

Претерано консумирање на апчиња против болки кај мажите може да доведе до оштетување на слухот. На ова посебно треба да внимаваат помладите мажи, предупредуваат американските експерти од Харвард.

До овој заклучок дошле по две децении истражувачка работа со која биле оппфатени 26.000 испитаници.

Лековите кои се поврзуваат со поблаго или сериозно губење на слухот пред педесеттата година се парацетамол и ибупрофен.

Иако во овие истражувања не се опфатени и жените, научниците претпоставуваат дека наведените лекови може да предизвикаат ист ефект и кај нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП