15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКанцеларија за поддршка на бизнисот во Кичево

Канцеларија за поддршка на бизнисот во Кичево

Kicevo

Министерството за економија денеска во просториите на општина Кичево ќе отвори Канцеларија за поддршка на бизнисот.

Целта на канцеларијата е да им помогне на сите заинтересирани бизнисмени кои сакаат да инвестираат во Кичевскиот регион, полесно да ги искористат владините мерки за поддршка на бизнисот.

Канцеларијата ќе биде отворена секој четврток од 12 до 14 часот кога претставници од Министерството за економија ќе ги запознаваат бизнисмените со владините мерки за поддршка на малите и средни претпријатија.

Министерството за економија, канцеларии за поддршка на бизнисот ќе отвори во сите поголеми градови во државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП