28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДобитниците и загубарите во енергетскиот сектор во 2016-та година

Добитниците и загубарите во енергетскиот сектор во 2016-та година

naftaki3

Изминатата 2016-та година беше уште една тешка година за енергетската индустрија. По двегодишен пад на цените на нафтата, Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и земјите надвор од групата сепак се договорија за намалување на производството, потоа цените почнаа да се креваат. Тоа сепак се случи само во крајот на ноември.

Кои беа најголемите победници и губитници во енергетскиот сектор во текот на годината, како целина – коментар на Елен Валд, историчар и истражувач на енергетската индустрија, за „Forbes“.

Прво место меѓу најпрофитабилните: Американските енергетски производители

Американските нафтени и гасни производители ја заземаат првата позиција во оваа година, особено откако Доналд Трамп, ладнокрвниот поддржувач на локалното енергетско производство, победи на изборите за претседател на САД. Меѓу номинираните во неговиот кабинет се Рекс Тилерсон (извршен директор на ExxonMobil), Рик Пери (поранешен гувернер на Тексас) и Скот Пруит (главен обвинител на Оклахома) кои се обврзуваат за неговите ветувања од кампањата за поддршка на домашното производство на енергија.

Покрај тоа ОПЕК и Русија презедоа чекори да го ограничат производството. Ова неизбежно ќе отвори повеќе простор на глобалниот пазар за американска енергија, а производителите во САД се добро позиционирани за да имаат корист од тоа, откако оваа година САД конечно стави крај на 40-годишната забрана за извоз на сурова нафта. Иднината изгледа светла за американските енергетски производители кои се сретнуваа со непријателство од администрацијата на Обама и преживуваа при две години ниски цени на нафтата.

Второ место: Кина

Кина имаше корист во 2016-та година, искористувајќи ги ултраниските цени на нафтата, за да ги пополни стратешките нафтени резерви. Покрај тоа, им овозможи на рафинериите да купуваат нафта надвор од владините договори, па така земјата ги натера производителите во целиот свет да се натпреваруваат за Кина.

Иако трошоците за транспорт на Иран и Саудиска Арабија ги намалија цените на суровата нафта за азиските клиенти во оваа година, па Русија ги привлече кинеските купувачи, преземајќи јуани за средство за плаќање на сурова нафта. Може да се претпостави Кина да плаќа повеќе за сурова нафта во текот на следната година, но сигурно ќе го искористи секој барел поевтина нафта во 2016-та година.

Трето место со еднаквост: Русија и Саудиска Арабија

Русија и Саудиска Арабија можат да се сметаат за победници, бидејќи успеаја да постигнат договор за ограничување на производството на нафта по година тешки преговори. Ова веројатно ќе го престане падот на цените на нафтата во наредните шест месеци.

Но дали овие двајца мегапроизводители навистина сакаа да добијат во 2016-та година, или поточно се подготвуваа за долгорочни добивки? 2016-та година за повеќето можеби била само спринт на 100 метри, додека Русија и Саудиска Арабија веќе трчаат 400 метри.

Загубари: Венецуела, Европа и Ирак

Венецуела е вистинскиот губитник во 2016-та година, бидејќи ниските цени на нафта ја погодија земјата толку силно што дури договорот на ОПЕК за намалување на производството нема да помогне на нејзината оштетена економија – сега зафатена и од хиперинфлација.

Земјата ги има едни од најголемите нафтени наоѓалишта во светот, но поради комбинацијата од исклучително погрешно државно управување и скапата цена за експлоатација на нафта, производство на суровината во земјата падна до историско дно во 2016-та година. Причината за тоа е што претседателот Мадуро продолжува да се придржува кон социјалистичките државни принципи кои ја уништија економијата на земјата, дури умерено повисоки цени на нафтата во 2017-та година нема да имаат големо значење за Венецуела.

Енергетската ситуација во Европа не се подобри во 2016-та година, а континентот се уште е во заробеништво на рускиот природен гас и енергија. За краток момент оваа година изгледаше дека руско-турскиот судир може да стави крај на новиот гасовод „Турски поток“ (создаден да испорачува дури повеќе руски природен гас на Европа). Во овој момент Европа можеби имаше шанса да излезе од канџите на рускиот природен гас, создавајќи многу краток гасовод до Азербејџан.

Турција и Русија сепак ги надминаа разликите, а изградбата на нафтоводот ќе започне следната година. Иако неодамнешното убиство на рускиот амбасадор во Турција од радикализиран турски полицаец, руската енергија ќе продолжи да тече низ Турција.

Владата на Ирак на крајот на оваа година е во тешка позиција, бидејќи не успеа да го убеди ОПЕК да добие исклучок од намалувањето на производството на нафта за 2017-та година. Ирачката Влада контролира директно само дел од нафтените полиња – останатите се управуваат или од Курдската регионална влада , или од меѓународните нафтени компании преку концесии.

Освен ако државната нафтена компанија на Ирак не одлучи сама да реализира намалувањето на приносот, таа ќе мора да најде начин да ги убеди или да принуди меѓународните нафтени компании и Курдите да се вклучат кон чекорот. Значи сепак штета на перспективите за идни странски инвестиции и изострување на и онака затегнатите односи со Курдите. Ирак се насочува кон 2017-та година заглавен меѓу чеканот и наковалната, кога станува збор за производството на енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП