27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕГолемото количество на јаткасти плодови води до следниве проблеми

Големото количество на јаткасти плодови води до следниве проблеми

namirnici-sekoj-den-05

Јаткастите плодови се многу здрави, но само ако ги консумирате во умерени количини. Во спротивно, можат да ви се случат следните работи…

Јаткастите плодови како ореви, бадеми, лешници и индиски ореви се многу здрави. Меѓутоа, не се препорачува да ја надминувате препорачаната дневна доза од отприлика една шака од овие плодови.

Еве што може да ви се случи доколку претерате со нив:

Ќе се здебелите

Бројни научни студии покажаа дека јаткастите плодови мжат да помогнат при слабеењето. Тоа сепак се однесува на умереното консумирање (максимум една шака дневно), а ако претерувате со количините, тогаш ќе дојде до спротивниот ефект. Јаткастите плодови се здрави, но се многу калорични, па внимавајте доколку не сакате да се здебелите.

Проблеми со варењето

Ако се чувствувате надуено по консумирањето на јаткасти плодови, не сте единствени. Надуеноса е најчестата последица на фитатите и танинот, материи кои можат да го отежнат варењето. За да го избегнете тоа, едноствано придржувајте се до дневнета препорачна количина од овие вкусни намирници.

Кршливи нокти и коса, воспаление на мускулите, болки во зглобовите

Сите овие се симптоми за труење со селен, до кое може да дојде како последица на консумирање на огромни количини јаткасти плодови. Иако е ова многу ретка појава, тоа е уште една од причините да внимавате со количината на овие намирници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП