11 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКолку треба да вежбате за да согорите парче пица, пиво, чоколадно колаче…

Колку треба да вежбате за да согорите парче пица, пиво, чоколадно колаче…

Pizza and Beer

Доколку не можете да и одолеете на нездравата храна, неопходно е да имате на ум колку ќе морате да тренирате за да согорите тaка голем број на калории.

Се ближи сезоната на новогодишните и божиќни празници и времето кога сакаме да уживаме во калоричните и вкусни специјалитети. Меѓутоа, дали знаете дека брзата храна многу бавно се согорува?

Неодамна објавената студија покажува колку време е потребно да поминете во теретана по консумирањето на брза храна, а резултатите прилично не изненадија и нас:

Сендвич со шунка

За да го согорите класичниот сендвич со шунка потребно е да вежбате 42 минути кардио вежби.

Чоколадни колачи

Чоколадните колачи од 1700 калории ќе ви потрошат дури 2,5 часа за кардио тренинг или 3 часа кревање на тегови.

Парче пица

За парче пица од 682 калории со 22 грама масти потребен е кардио тренинг од 59 минути или 79 минути кревање тегови.

Чаша пиво

Чашата пиво од 245 калории ќе ви потроши 21 минута за кардио тренинг или 28 минути за кревање тегови.

Газирани пијалоци

Ефектот на лименката газиран пијалок ќе го поништите по 12 минути кардио тренинг или 18 минути кревање тегови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП