20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПанарити: Забраната за влез на зеленчук од Албанија во Македонија е неоснована

Панарити: Забраната за влез на зеленчук од Албанија во Македонија е неоснована

%d0%bf%d0%b0%d0%bd%d0%b0%d1%80%d0%b8%d1%82%d0%b8

Албанскиот министер за земјоделие Едмонд Панарити ги обвини македонските институции дека забраната за влез на зеленчук од Албанија во Македонија е неоснована, пренесуваат албанските медиуми.

Тој информираше дека во понеделникот големи количини на албански зеленчук чија вредност е над 25 илјади евра биле блокирани на границата од страна на македонските власти, состојба која се случуваше и минатите години.

Албанскиот министер во својата реакција која ја пренесуваат медиумите во Тирана вели дека македонските власти укажале дека стопирањето на зеленчукот е поради извршување на потребните фитосанитарни анализи.

Но според него Албанија ги има извршено сите потребни анализи и затоа треба да се почитуваат европските документи во оваа сфера. Панарити додал дека и Тирана „ќе преземе соодветни мерки за реципроцитет со Македонија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП