20 јуни, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕ3 клучни разлики меѓу путерот и маста: Нутриционистите откриваат кој е подобар...

3 клучни разлики меѓу путерот и маста: Нутриционистите откриваат кој е подобар избор!

svinjska-mast-lekovitost-i-recept-e1452203786534

Путерот содржи млечен протеин казеин и лактоза, што може да биде проблем ако сте чувствителни на млечни производи, додека кај маста нивното количество е значајно помало после термичката обработка.

Путерот е дефинитивно намирница со незаменлив вкус, иако најразлични студии го обвинија дека може да го зголеми ризикот за појава на срцеви болести.

Новите истражувања покажаа дека тоа сепак не е целосно точно, но, што се случува со свинската маст? Што е подобар избор кога се работи за варењето, нутритивните вредности и самата подготовка на храната?

Нитриционистот Изабел Смит ни открива!

puter-thinkstock-1480451509-102747

Варење

Путер: Содржи млечен протеин казеин и лактоза, што може да биде проблем ако сте чувствителни на млечни производи.

Маст: Топлината при загревањето во голема мера ги уништува казеинот и лактозата, па оваа намирница е полесна за варење. Содржи и бутират, масна киселина којашто може да му помогне на варењето.

Хранливи материи

Путер: Ги содржи витамините А и Д, како и 102 калории во само една лажичка.

Маст: Вистинска ризница на витамините А и Е, но може да се пофали и со 112 калории по супена лажица. Исто така содржи и конјугирана линолна киселина (CLA), којашто делува превентивно против високото ниво на холестерол и ракот на дојка.

svinjska-mast-1413804873-49903

Подготвување на храна

Путер: Овој класичен вкус не може да исчезне кога ќе се стопи во колачите или преливите за зеленчук.

Маст: Поседува препознатлив вкус којшто во храната помалку потсетува на ореви. Подобар е за пржење и динстање, бидејќи точката на горење е повисока (232 степени, наспрема 176, колку што изнесува кај путерот). „Во превод”, кога подготвувате храна на маст, помали се шансите за таа да изгори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар