3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП ја објави најновата листа на должници

УЈП ја објави најновата листа на должници

ujp

Управата за јавни приходи ја објави Листа на должници бр.12/2016 за долгови доспеани до 31.08.2016 и неплатени до 30.11.2016 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, може да се обратите до:

  • надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • Царинска управа на РМ-Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.

Целосниот список на должници можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП