5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМлади уметници" во Мала станица

Млади уметници” во Мала станица

plakat-amsm-2016-696x522

Денес, во Националната галерија на Македонија – објект Мала станица со почеток во 18 часот ќе биде отворена изложбата за проектот „Млади уметници“ од страна на директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и стручната комисија.

Овој проект трета година по ред се имплементира од страна на Агенцијата за млади и спорт.

Инаку, во рамки на конкурсот пристигнаа 66 дела, а наградени се Тамара Антевска за сликарство, Симона Спирковска за скулптура, Неслихан Сулејман за графика, Јасмина Трпевска за фотографија, и Драганчо Божинов за графички дизајн.

Наградените дела беа избрани од страна на независна стручна комисија, а наградените
млади уметници добиваат парична награда од 40.000 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт. Изложбата ќе трае до 18 декември 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП