28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер: ЕУ веќе не можеме да ја објаснуваме со нејзиното минато

Јункер: ЕУ веќе не можеме да ја објаснуваме со нејзиното минато

junker-zan-klod-junker-

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави во петокот дека Европската унија не може повеќе да се објаснува со нејзиното минато, туку преку она што таа може да донесе во иднина и предупреди на опасноста од поделби во Европа.

„Не можеме повеќе да ги објаснуваме европските интеграции со минатото, туку мораме да ја објаснуваме Европската унија низ она што таа може да доведе во иднина“, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер“ во предавањето пред студентите во Маастрихт, по повод 25-годишнината од Договорот од Маастрихт.

„Оние коишто мислат дека дошло времето за разградување на Европската унија, дека е време Европа да биде распарчена, да бидеме поделени, потполно не се во право. Нема да постоиме како поединечни нации без Европската унија“, предупреди Јункер, пренесува агенцијата Hina.

Јункер пред студентите зборуваше за достигнувањата на Европската економска и монетарна унија, којашто е создадена во Маастрихт пред 25 години, кога тогашната Европска заедница го промени името во Европска унија.

Меѓутоа, финансиската криза од 2008 година до темели ја стресе Европската унија и заедничката валута – еврото, а миргантската криза, којашто кулминираше минатата 2015 година дополнително ги доведе во прашање најголемите достигнувања во досегашните европски интеграции.

Јункер како министер за финансии на Луксембург учествуваше на самитот во Маастрих на 9-ти декември 1991 година, и тој е единствениот останат сé уште активен политичар од тој состанок, Договорот од Маастрихт беше потпишан два месеца подоцна, во февруари 1992 година.

„Во моментов, ние сé уште претставуваме значителен дел од светската економија – 25 отсто до светскиот бруто домашен производ (БДП. За десет години тоа ќе изнесува 15 отсто, а за дваесет години ниедна земја членка на ЕУ засебно нема да биде членка на групата седум најразвиени економии Г7“, смета Јункер.

Додавајќи дека ЕУ има голем демографски проблем. „На почетокот од векот, Европејците претставуваа 20 отсто од светското население, сега се 5, 6 – 7 отсто, а на крајот од овој век ќе бидат 4 отсто“, вели Јункер.

Укажува на фактот дека првпат во историјата на европските интеграции се случило да не се спроведуваат заеднички донесените одлуки, како во случајот на распределбата по азилантските квоти по земјите членки на ЕУ. „Тоа е спротивно на основното начело на Унијата, коешто почива на правилата“, рече Јункер.

За Јункер британската одлука за истапување од ЕУ покажала дека е време да се размислува за „Европа во две брзини“, којашто би ја сочинувале две грипи земји, една од оние коишто сакаат повеќе интеграции, а втората од оние кои се помалку расположени за отстапување на своите национални суверенитети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП