6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНа фестивал во Тајван ќе учествува нашиот уметник Зоран Попоски

На фестивал во Тајван ќе учествува нашиот уметник Зоран Попоски

poposki-6-13

Видео проект од македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски ќе бидe прикажан во петок вечер на меѓународниот фестивал Тајван Интернешенел Видео Арт Егзибишн (ТИВА) во Таипеи.

ТИВА е биенален меѓународен уметнички фестивал кој годинава го доживува своето петто издание, под мотото “Негативен хоризонт”. “Негативен хоризонт ги означува оние невидливи сцени кои опстојуваат наспроти, зад, или под нормативната видливост… Фестивалот е посветен на уметничките визии и нивните проекции во филм и видео кои разоткриваат една невидена стварност којашто е создадена од секојдневноста на мобилноста.”

Видеото на Попоски е дел од меѓународниот уметнички проект “И двете страни сега 3 – Конечни граници”, кураторски проект на Ајзак Лунг (Видеотаж, Хонг Конг) и Џејми Вајлд (Видеоклуб, Велика Британија), во кое учествуваат дваесетина уметници од Хонг Конг, Кина и Британија.

Зоран Попоски (р. 1974, Скопје) магистрирал уметност во нови медиуми во Линц и Њујорк, а докторирал студии на културата во Скопје. Има реализирано повеќе од 70 меѓународни изложби и е добитник на неколку меѓународни награди за уметност.

Негови јавни уметнички проекти се презентирани во Њујорк, Скопје, Даблин, Хонг Конг, итн. Во своите видеа, перформанси и дигитални графики, Попоски ги истражува прашањата на идентитетот, територијата и јавниот простор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП