2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖивотински масти, кокаин - што уште кријат банкнотите?

Животински масти, кокаин – што уште кријат банкнотите?

pari-001

Стотици илјади Британци се побунија минатата недела поради присуството на масти во новата банкнота од пет фунти. Во реалноста, сепак има уште елементи, за кои луѓето не се сомневаат дека можат да бидат откриени во банкнотите, пишува францускиот весник „Les Echos“.

Бидејќи во светот циркулираат милијарди банкноти и преминуваат од рака на рака секој ден, составот и супстанциите се невидливи со голо око, но можат да предизвикаат доста прашања.

Еве четири елементи, чие присуство на некои банкноти е потврдено.

Животински масти

pari-004

Новата банкнота од пет фунти предизвика полемика во Велика Британија во текот на минатата недела. Се започна кога еден корисник на интернет упати барање кон „Bank of England“ дали е точно дека новата банкнота содржи животински масти. Банкарската институција одговори потврдно, потврдувајќи го присуство на траги од лој добиени од говедска или овча маст.

Негодувањето кои произлегуваат од овој искрен одговор, стана причина за иницирање на петиција од сајтот „Change.org“ која беше потпишана од над 118.000 луѓе.

Плунка

american dollars in the hand

Излегува дека се присуството на животински масти во банкнотите од пет фунти има свое значење за вегетаријанците, бидејќи од 2003-та година еквивалент на 1,5 милиони фунти биле соџвакани или изедени. Во 2015-та година околу 130.000 фунти биле уништени. Ова ја покажува изненадувачката статистика на самата „Bank of England“. Забележан е врв во 2011-та година со околу 150.000 „соџвакани или изедени“ фунти. Од 2003-та година нивниот број постепено се зголемува од година во година.

Кокаин

pari-000

Истражувањето, претставено на годинешната конференција на Американското хемиско здружение во 2009-та година, покажа дека во над 90% од банкнотите во оптек во САД имаат траги од кокаин. Овој феномен станува распространет и има главно две објаснувања – употребата на банкноти од корисници на дрога и контакт со „uncontaminated“ банкнотите, во кои се откриваат траги од кокаин. На анализираните банкноти, научниците откриле големи количества од белиот прав, кои се движат меѓу 0.006 и 1.240 микрограми, кои се изедначуваат со педесетина ронки.

Еврозоната, каде што во моментов во оптек се околу 20 милијарди евробанкноти, исто така, не е поштедена. Слично истражување од 2008-ма година покажа дека Шпанија е „лошиот ученик“ на Стариот континент со најмногу банкноти со траги од кокаин. Во 2012-та година францускиот весник „Figaro“ соопшти дека половина од банкнотите (евра, долар и други), конфискувани од француската полиција, содржат траги од кокаин.

Пластика

pari-002

Денес околу 5% од банкнотите во оптек во светот се произведени со пластика. Ова важи и за банкнотата од пет фунти, која Британците можат да ја користат од септември. „Bank of England“ ја избра пластиката пред хартијата за производство на „почиста, побезбедна и посолидна“ банкнота. Околу 30 држави веќе избраа пластични банкноти. Еврото содржи 100% памучни влакна. Новата банкнота од пет фунти сепак ги раздели Британците, бидејќи не е јасно дали мастилото ќе издржи во области со повеќе тешки климатски услови, од гледна точка на влага и топлина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП