3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе бидат вратени 13 милиони евра во стопанството по основ на државни...

Ќе бидат вратени 13 милиони евра во стопанството по основ на државни записи

pari

Министерството за финансии ќе врати 815 милиони денари или околу 13 милиони евра во стопанството по основ на државни записи. Утре доспеваат за враќање 3,292 милиони денари, додека на денешната аукција беа реализирани 2,477 милиони денари, соопшти Министерството за финансии.

Исто така, при денешната аукција, каматните стапки беа намалени и до 0,35 процентни поенти, односно кај шетсмесечните записи од 3,70 на 3,40 проценти, кај едногодишните од 4,25 проценти на 3,9 проценти и кај петгодишната обврзница од 5,15 проценти на 4,9 проценти.

Целта е да се исполнат барањата на бизнис заедницата за подобрување на ликвидноста во стопанството преку намалување на зафаќањата на пазарот на капитал, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП