Постојат неколку начини за да се утврди вредноста на компаниите.
Ова може да се направи, како со пазарната капитализација, која е оценката на сите акции (бројот на акциите по цена за соодветниот период), така и по расположливата готовина и сметки на компанијата.
Најголемите компании по пазарна оценка
Половина од најскапите американски компании се претставници на технолошкиот сектор, пишува „Fox“. На чело во рангирањето е „Apple“ со 596 милијарди долари пазарна евалуација, претекнувајќи ја компанијата мајка на „Google“, „Alphabet“ и „Microsoft“, проценети на 537.8 и 470 милијарди долари.
Компанијата на инвеститорот Ворен Бафет – „Berkshire Hathaway“, и „Amazon.com“ ги дополнуваат топ 5 со проценки за соодветно 390 и 370 милијарди долари. Нафтената „ExxonMobil“ и социјалната мрежа „Facebook“ се рангираат на 6-та и 7-та позиција со 361 и 347 милијарди долари, кои се пред „Johnson & Johnson“ (310 милијарди долари), „JPMorgan Chase“ (282 милијарди долари) и „General Electric“ (278 милијарди долари).
Најстарата од компаниите во оваа листа – „Johnson & Johnson“, чија историја датира од повеќе од 120 години, е пониско оценета од најмладата – „Facebook“, основана пред 12 години.
Компаниите со најмногу кеш
Само пред една недела стана јасно дека „кешот“ на „Apple“ порасна до рекордни 237.6 милијарди долари, што е доволно да се купат сите тимови од „NFL“, „NBA“, „MLB“ и „NHL“, како и да останат уште 85 милијарди долари.
Кешот на „Microsoft“, според последните податоци, изнесува 117 милијарди долари, а „Alphabet“ има 88 милијарди долари. Голем дел од паричните средства на горенаведените компании се надвор од границите на САД поради неподготвеноста да платат 35% данок, под услов тој да се врати во државата.
Еден од предлозите на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп е овој данок да се намали до 10 отсто.