20 април, 2024
ПочетнаДИЕТИ3-дневна диета со туна

3-дневна диета со туна

tuna31

Оваа диета помага без голем напор да изгубите 1,5 кг за 3 дена. Звучи одлично, зарем не?

Па да видиме како изгледа оваа кратка диета…

Основни информации за диетата

Диетата со туна се држи три дена, а потоа четири дена нормално се јаде (секако, без претерување) и така се повторува циклусот. За време на диетата секој ден задолжителна е порција туна. Во текот на оваа диета дозволено е да пиете чај, црно кафе и вода.

Редовното консумирање на туна има позитивен ефект на телото, затоа што таа содржи доста витамин Д, омега – 3 масти (до 50 проценти се намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, се подобруваат функциите на мозокот и помага во намалувањето на тежината). Туната е богата со витамини и фосфор. Таа содржи многу малку масти и речиси и не е потребно да се зачинува, освен со, кој сака, неколку капки лимон.

tuna-salata

Мени:

Прв ден

Појадок: 1 шоља црн чај или кафе, 1/2 грејпфрут или овошен сок, 1 тост намачкан со путер од кикирики (или сусам)

Ручек: 100 – 150 гр туна во салата со рукола, парчиња помала краставица, шери домат и по желба лажица обарен наут или пченка, 1 шоља црно кафе или чај.

Вечера: 100 гр варено говедско месо, 200 гр динстана боранија, 200 гр рендан морков со неколку капки лимон, 1 шоља црно кафе, чај или вода за пиење.

Втор ден

Појадок: 1 шоља црно кафе или чај, 1 варено јајце, 1 тост, 1 банана

Ручек: 200 гр туна, 5 крекери, 1 шоља кафе, чај или вода за пиење

Вечера: 200 гр грилувани пилешки гради, 100 гр морков на пареа, 200 гр брокула на на пареа, 1 банана, мала чинија пудинг од ванила (100 гр), 1 шоља црно кафе или чај

tuna-8881

Трет ден

Појадок: 1 шоља црн чај или кафе, 5 крекери, 30 гр сирење, 1 јаболко со средна големина

Ручек: 1 варено јајце, 1 тост, 1 шоља црно кафе или чај

Вечера: 200 гр туна, 100 гр обарен морков, 100 гр карфиол на пареа, 1 круша со средна големина, мала чинија пудинг од ванила (100 гр), 1 шоља црно кафе или чај.

Напомена:

– Пилешкото и говедското месо може да се замени со туна.

– Оброците распоредете ги така што вечерата да биде околу 18:00 часот, а после тоа веќе ништо не јадете.

– Задолжително е триесет минутно брзо пешачење секој ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП