28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал испадна, Манчестер Јунајтед лесно се справи со Вест Хем (видео)

Арсенал испадна, Манчестер Јунајтед лесно се справи со Вест Хем (видео)

684292704583f4a0daf2f0459731991_w640

Манчестер Јунајтед и Саутемптон им се приклучија на Хал и Ливерпул во полуфиналето на англискиот Лига куп. Во четвртфиналните натпревари Саутемптон славеше над Арсенал 2:0, а Манчестер Јунајтед го победи Вест Хем со 4:1.

Манчестер Јунајтед лесно се справи со Вест Хем, против кого во саботата, одигра 1:1 во првенството.

Серијата на голови на „Олд Трафорд“ ја отвори и ја затвори Ибрахимовиќ. По првиот гол на Швеѓанецот израмни Флечер. Потоа во второто полувреме два гола постигна Марсијал,а Ибрахимовиќ ја затвори серијата.

Двоен асистент за Јунајтед беше Мхитаријан, а по подолго време во тимот се појави и Швајнштајгер кој влезе во игра во второто полувреме.

Арсен Венгер на домашен терен, на Саутемптон му се спротивстави со комбиниран тим и тоа го чинеше елиминација од Лига купот.

Саутемптон до победата стигна уште во првиот дел со головите на Класи и Бертранд.

Полуфиналните натпревари ќе се одиграат во јануари наредната година, а познато е дека за пласман во финалето ќе се борат Манчестер Јунајтед и Хал, односно Ливерпул и Саутемптон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП