18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОбјавена поетската книга „Еверест“ од Драго Гламузина

Објавена поетската книга „Еверест“ од Драго Гламузина

everest_predna-korica

Друштвото за издавачка дејност „МАКЕДОНИКА литера“ ја објави поетската книга „Еверест“ од Драго Гламузина, во превод од хрватски јазик на Нове Цветаноски.

Гламузина во оваа книга пишува за луѓето кои сè уште чувствуваат, кои сакаат да го живеат задоволството а секое задоволство скапо го плаќаат, но и живеат и копнеат за Другиот. Еросот, неверствата, љубовните триаголници, интригите и партнерските односи се доминанти мотиви, како и во сите досегашни книги на овој автор.

Драго Гламузина (1967, Вргорац) дипломирал ком¬па¬ративна книжевност и филозофија на Фило¬зоф¬скиот факултет во Загреб. Работел како новинар и редактор во дневниот весник „Вјесник“, како и редак¬тор и заменик на главниот уредник на магазинот „Нацио¬нал“. Од 2003 до 2011 година беше главен уред¬ник на издавачката куќа Профил, а од 2011 е гла-вен уредник во издавачката куќа ВБЗ.

Ги објавил книгите: „Месари“ (поезија, 2001), „Три“ (роман, 2008), „Тоа ли е сѐ“ (поезија, 2009), „Еверест“ (поезија, 2016), како и книгата поезија со фотографии на Станко Абаџиќ „Сами во шумата“ (2011).

За „Месари“ ги доби државната наградата „Вла¬ди¬мир Назор“ и Квириновата награда за најдобра поет¬ска книга за автор до 35 години. За романот „Три“ ја доби наградата на Т-портал за најдобар роман на годината.

„Месари“, „Три“ и „Тоа ли е сѐ“ веќе се преведени на македонски јазик (сите три во издание на „Македонска реч“), а негови книги се објавувани и во Германија, Сло¬венија и Србија.

Во хрватското издание на „Еверест“ е објавен пого¬вор на Делимир Решицки, кој, меѓу другото, пишува:

„Нема ни малку дилема дека еросот и сексуалноста воопшто, уште во „Месари“…, биле меѓу најинтригант¬ните мотивско-тематски слоеви на Гламузина, како во поезијата така и (подоцна) во прозата (исто така награ¬дуваниот роман „Три“ од 2008 година). Ништо поинаку не е ни во оваа книга со стихови… Она што е неспорна вредност на оваа книга е фактот дека Гламузина никако и никогаш не се крие зад никаква банална анегдотност, па ни еротската, која и пречесто била последната линија на одбрана на т.н. „стварносна поезија“ и тоа не само во хрватската литература. Поетскиот прототекст и на оваа книга можеме слободно да го побараме на страниците на американската битова книжевност, на Рејмонд Карвер, а некои од подобрите песни кореспондираат, да речеме, со Борис Маруна и неговите песни за пропаднатите брачни односи и сите консеквенции од најтешките, апартни живот¬ни одлуки. Навистина, во оваа книга напишал неколку антологиски песни („Меч на столетието“, „Sub specie aeterni¬tatis“, „Многу за малку“, насловната „Еве¬рест“ итн.), додека целата збирка претставува осмислена и доизградена целина…“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП