29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛеонардо си оди од ПСЖ

Леонардо си оди од ПСЖ

PSG_LEONARDO_270711

Според медиумите во Франција нема дилема дека Леонардо одлично ја заврши својата мисија во ПСЖ и најверојатно тој ќе си замине  од градот на светлината и ќе се врати во Италија.

Бразилецот ја одигра својата улога, успеа да привлече големи играчи во клубот и сега „светците“ се етаблирани, а се шпекулира дека тој има други планови во натамошната кариера.

Леонардо не се навикна на животот во Париз, па поради тоа тој има желба заедно со својата девојка да се врати во Италија, а се шпекулира дека би можел да го преземе местото спортски директор во Интер.

Како што стојат работите Морати е многу загреан за оваа идеа, а тој исто така никогаш не го прекина контактот со поранешниот тренер од кога Леонардо се пресели во Франција.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП