9 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПремиерна изведба на драмата „9“ од Гоце Ристовски во Нови Сад

Премиерна изведба на драмата „9“ од Гоце Ристовски во Нови Сад

%d0%b3%d0%be%d1%86%d0%b5

Драмата „9“ од македонскиот писател Гоце Ристовски, денес ќе биде премиерно изведена на сцената на културниот центар во Нови Сад, со почеток во 20 часот.

Според драматургот на проектот Симон Грабовац, кој е истакнат српски писател своевидната „дуодрамата 9“ е современо напишан текст , без класични поставки, кој кореспондира со општо распространетото чувство на исчашеност од светот, чувство на преод од еден облик во друг, од реалното кон виртуелното.

Грабовац смета дека во текстот „9“ во основа се работи за театар во театар, со три важни одредници:кон минатото, сегашноста и иднината.

„Актерот и актерката, кои играат брачна двојкаили брачна двојка која проба претстава и /или играат некои улоги за да соопштат нешто за себе и светот битно се стегнати. Прво, управата ги надгледува, а и ги оставила без никакви средства за „работа“, а потоа со ласери ги прогонуваат ‘вонземјани’, а и реалноста премногу често продира во нивниот колку-толку издвоен простор. И, многу често сме во дилема дали дали тие навистина играат или се гледаат себеси како играат“, истакнаува Грабовац.

Додава дека текстот, инаку премиерно објавен во 2014 година, има спирална структура, а секоја следна спирала може да биде од минатото, идниината или сегашноста.

Улогите ги толкуваат Соња Лештар и Лазар Јованов, режисер е Богдан Јанковиќ, а драматург- Симон Грабовац. Сцнограф и костимограф е Невена Вујасиновиќ, светло мајстор –Ладислав Селеши , секретар на проектот- Елза Вулетиќ, а организатор –Наташа Тополац.

Преводот од македонски на српски јазик го направи поетесата Иска Пенева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП