25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТрадиционално карате: Седум златни медали за Македонија на ЕП

Традиционално карате: Седум златни медали за Македонија на ЕП

karate-tradicionalno-696x480

Македонската репрезентација во традиционално карате со 12 медали го завршија настапот на Европското првенство во Крањска Гора, Словенија.

Репрезентацијата во традиоционално карате во Крањска Гора се закити со седум златни, две сребрени и три бронзени медали.

Дејан Недев, во сениорска конкуренција, освои две златна, во ката и во кумите, Јадранка Недева стана европски шампион во фукуго, а освои и бронзен медал во кумите, додека Матеј Ангеловски се закити со среброво кого-кумите.

Во младинска конкуренција, Ивона Лаушевиќ го освои третото место во кого-кумите, а со злато се закити женскиот ката-тим. Берта Милевска освои бронза во кого-кумите, додека во кадетска конкуренција блескаше Мила Саздова која освои три златни медали, во ката, фукуго и во кумите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП