4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропарламентарците отворија врата за усвојување на трговскиот договор со Канада

Европарламентарците отворија врата за усвојување на трговскиот договор со Канада

ceta334

Европскиот парламент во средата отвори пат за примена на договорот за слободна трговија меѓу Европската унија и Канада или познат како Сеопфатниот економски и трговски договор (Comprehensive Economic and Trade Agreement – CETА) следната година, отфрлајќи го предлогот од судот на Европската унија (ECJ) да се побара оцената за неговата легалност.

Гласањето на пратениците во Европскиот парламент се смета и како сигнал дека тие на крајот ќе го поддржат договорот CETA и ќе дозволат негово делумно стапување на сила на почетокот од следната 2017 година.

Предлогот CETA да биде упатена на проценување во судот го поддржаа 89 европски парламентарци, од редовите на Зелените и левичарските политички групи, италијанското движење против естаблишментот Пет ѕвезди, покрај 31 пратени од редовите на социјалдемократите, но на крајот беше отфрлен со 419 наспроти 258 гласови.

Групата пратеници која го изнесе предлогот сакаше судот да процени дали системот на решавање на спорови меѓу инвеститорите и државите предвиден со договорот е во согласност со законите на Европската унија. Пратениците тврдеа дека тоа решение е во спротивност со одредбите дека кон компаниите треба да се однесува исто како и кон обичните граѓани во законите и во работата на националните и судовите на ЕУ.

Судот би можел да пресуди дека со договорот CETA се нарушуваат законите на Европската унија, но и во спротивниот случај тоа би водело кон одложување на имплементацијата на договорот за до две години. Поборниците на договорот истакнуваа дека и правните служби на самиот Европски парламент оцениле дека договорот CETA е во согласност со прописите на ЕУ.

„Нашите правни стручњаци рекоа дека CETA не влијае на нашата правна рамка, на надлежностите на ЕУ или на нашите уставни права, Овој договор дава одговор на нашите прашања во врска со глобализацијата, а притоа не создава проблеми за демократијата“, изјави известувачот на Европскиот парламент, германскиот пратеник Даниел Гаспари од Европската народна партија (EPP).

Системот на решавање на спорови, кој вклучува специјални комисии за одлучување во споровите меѓу државите и странските инвеститори, е во центарот на противењата на трговските договори како CETA. Критичарите тврдат дека овој систем им овозможува на мултинационалните компании да ги диктираат јавните политики, на пример оние во областа на заштитата на природната околина, трудовото, здравственото или потрошувачкото законодавство.

Постојаниот арбитражен суд, кој е предвиден со договорот CETA, ќе има 15 професионални судии коишто ќе ги именуваат Европската унија и Канада. Сите расправи на тој суд ќе бидат јавни и ќе постои можност за жалба. Невладините организации тврдат дека овој систем и натаму им овозможува на мултинационалните компании да ги заобиколуваат домашните национални судови.

Договорот CETA, откако беше договорен во 2014 година, мина сложен пат. Критичарите го гледаат како „малиот TTIP“(Трансантлантското трговско и инвестициско партнерство) планираниот договор меѓу ЕУ и САД, и предизвика масовни протести ширум ЕУ , а на неговото потпишување се спротистави парламентот на франкофонската белгиска покраина Валонија.

Со прифаќањето во Европскиот парламент, CETA ќе може да влезе во привремена примена, што значи дека ќе се отстранат или намалат увозните пречки. Но до потполната примена на договорот, која ќе го вклучува контроверзниот систем на заштита на инвестициите, ќе дојде дури откако ќе го одобрат 4 национални и регионални парламенти во ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП