13 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ10 причини поради кои треба да јадете костени

10 причини поради кои треба да јадете костени

kosteni_wide

Постојат многу причини во својата исхрана да го вклучите костенот. Мирисот на печен костен кој се шири по улиците на сите ни е добро познат, но можеби не ги знаете сите предности кои ги има за нашето здравје.

Тој има благ вкус и има широка примена во кулинарството. Содржи помалку масти од останатите јаткасти плодови, висок процент на скроб и витамин Ц. Во продавниците за здрава храна mоже да се најде и брашно од костен кое се користи за правење на леб и пецива.

При купување на костени бирајте поголеми плодови кои се сјајни. Чувајте ги на ладно место до две недели.

Костенот можете да го користите на повеќе начини а ова се 10-те причини поради кои задолжително треба да го вметнете во зимската исхрана

1. Брзо заситува – поради високата содржина на растителни влакна и сложени јаглени хидрати, костенот брзо предизвикува чувство на ситост. Нормално, тоа е пожелно за контрола на тежината.

2. Добар е за забите и коските – поради комбинацијата на калциум, фосфор и магнезиум има исклучително влијание на здравјето на коските и забите.

3. Ја стимулира функцијата на нервниот систем – богат е со минерали и витамините од групата Б, го подобрува здравјето на нервниот систем и спречува невролошки промени и заболувања.

4. Корисен е во исхраната за дијабетичарите – Поради бавната апсорција на јаглени хидрати и тоа што не го големува нагло инсулинот во крвта, корисен е во осхраната на дијабетичатите.

5. Го содржи сите есенцијални амино киселини – ова е особено значајно за лицата кои се на веганска исхрана, старите лица и спортистите.

6. Брашното од костени е намирница без глутен – ова го прави идеално во исхраната на лицата со целијакија и лицата во различна мера чувствителни на глутен.

7. Костенот е добар во борбата против анемијата – со високата содржина на железо и во комбинација со некое свежо овошје (поради витаминот Ц) помага при анемија и замор.

8. Костенот има ефект на кардио-штит – со тоа што содржи добри масти и обезбедува добра пропорција на омега 3 и 6 масни киселини, костенот го штити срцето.

9. Добар е за лицата со висок крвен притисок – поради ниската содржина на натриум и калиум, одличен е за исхрана на лицата кои боледуваат од хипертензија. Неговото диуретично дејство, го прави погодно за лицата кај кои се задржува вода во организамот.

10. Го чува цревниот систем и имунитетот – богат е со билни влакна, овозможува добра работа на цревниот систем, добра состојбата на бактериската флора, спречува констипација и пореметување на цревата што се заедно благотворно делува и на имунитетот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП