недела, 3 јули 2022
ПочетнаАВТОБИЗBeijing Auto Shenbao D-Series Aero

Beijing Auto Shenbao D-Series Aero

beijing 322

Кинескиот производител на автомобили „Beijing Auto“ на годинешниот саем во Шангај претстави неколку концепти и нови сериски модели, а еден од новитетите е и „Shenbao D-Series Aero“.

„Shenbao D-Series Aero“ е седан верзија направена на база на претходната генерација на „Saab 9-5“. Со ова може да се потсетиме дека „Beijing Automotive Industry Holdings Co. Ltd“ кон крајот на 2009-та година од американскиот „General Motors“ ги откупи правата за производство на старите модели на „Saab“ 9-3 и 9-5, како и моторите од 2.0L и 2.3L.

beijing 32

Ова возило ќе го придвижува 2.3 литарски турбо-бензински мотор со 257 kW/349KS и 500 Nm вртежен момент, а забрзувањето од 0 до 100 km/h ќе изнесува околу шест секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП