21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПланинска тура на Водно до Матка за планинари и велосипедисти

Планинска тура на Водно до Матка за планинари и велосипедисти

vrv99

Тура до Матка преку врвот на Водно како дел од редовните месечни активности на здружението за спорт и рекреација Прв до врв, ќе се одржи во недела, а сите заинтересирани планинари и велосипедисти ќе можат да се придружат на турата.

Стартот за сите учесници е закажан во 8 часот и 30 минути пред училиштето Кочо Рацин. Патеката на движење на планинарите е преку врвот на Водно до Матка и е долга 18 километри, додека онаа за велосипедистите е до врвот па потоа преку селата Горно Нерези, Крушопек и Шишево до Матка, во должина од 50 километри (вклучувајќи го и враќањето до Скопје преку Сарај). Враќањето во Скопје за планинарите е со редовната автобуска линија број 60 на ЈСП во 14:55 и во 16:25 часот.

На целта во Матка, ќе биде одбележан денот на ајварот во послужување на сите учесници со традиционалниот македонски деликатес, ајварот, кој за оваа пригода го обезбеди производителот МАМА’С.

Се препорачува сите учесници да понесат облека, опрема и храна соодветна за овој дел од годината и за ден поминат во планина.

Турата ја организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв во соработка со Empire State Building Fitness Centar.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП