29 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕве го и првиот SUV на Alfa Romeo (фото+видео)

Еве го и првиот SUV на Alfa Romeo (фото+видео)

stelvio-000

„Alfa Romeo“ го претстави првиот „SUV“ модел во историјата кој се нарекува „Stelvio“ и ќе излезе на пазарот како модел од 2018-та година. Официјалното деби на автомобилот се одржа на автомобилскиот саем во Лос Анџелес.

„Alfa Romeo Stelvio“ е именуван по истоименото италијанско гратче сместено во Алпите, во близина на границата со Швајцарија. Сепак, името е попознато со преминот Стелвио, кој се смета за еден од најдобрите патишта за возење во светот, бидејќи комбинира кривини со промена во динамиката и раскошни глетки.

stelvio-001

Со својот „Stelvio“, „Alfa Romeo“ ја претставува „SUV“ верзијата на својата платформа за модели со заден пренос наречена „Giorgio“. Потсетуваме дека архитектурата дебитираше на седанот „Giulia“. Меѓу главните предности на платформата се малата тежина, нискиот центар на гравитација и вградените импресивни технологии. Базата е погодна и за автомобили со погон двете тркала, какви ќе бидат сите верзии на „Stelvio“.

Се разбира, од „Alfa Romeo“ не губат време и да го претстават моделот во врвната верзија „Quadrifoglio“. Автомобилот од сликите е единствен во својот сегмент, но наскоро ќе добие силна конкуренција во лицето на „BMW X3 M“, „Jaguar F-Pace SVR“ и „Mercedes-AMG GLC63“.

stelvio-002

Моќноста од 505 КС и 600 Нм вртежен момент е обезбедена од твин-турбо 2.9-литарски V6 мотор – истиот кој се користи во „Giulia Quadrifoglio“. Тој е во комбинација со 8-брзински автоматски менувач кој му помага на компактниот кросовер да се забрза од 0 до 100 км/ч за 3.9 секунди, а максималната брзина е 285 км/ч.

Под верзијата „Quadrifoglio“ ќе биде лоциран стандардниот „Stelvio“ и подобро опремениот „Stelvio Ti“ (Turismo Internazionale). Тие ќе бидат опремени со идентични 2,0-литарски 4-цилиндричен мотор со турбокомпресор и моќност од 280 КС и 413 Нм. Овие варијанти исто така се комбинираат со 8-брзински автоматски менувач, 18-инчни стандардни тркала (19- и 20-инчни тркала се нудат со доплата), карбонски „AWD“ погон, кожен тапацир, автоматски заден капак, паркинг асистент и камера за гледање назад.

stelvio-003

Во внатрешноста има два основни контролери лоцирани на воланот. Едниот од нив му овозможува на возачот да избере од неколку режими на работа – „Dynamic“, „Natural“, „Advanced Efficiency“ и „Race“ (само за верзијата „Quadrifoglio“).

Вториот контролер е за управување на мултимедијалниот систем кој има 6.5-инчен дисплеј (8.8-инчен со доплата). Покрај тоа, на централната конзола „Stelvio“ располага со посебен „touchpad“, кој препознава различни гестови и ракописни симболи. Сите нивоа на опрема ќе понудат 7-инчен дисплеј меѓу основните апарати зад воланот.

Производството започнува во текот на следните недели во фабриката на „Fiat Chrysler Automobiles“ во Италија. Првите автомобили ќе пристигнат во продажните салони во средината на 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП