4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБадемите го намалуваат шеќерот и холестеролот

Бадемите го намалуваат шеќерот и холестеролот

zemjodelstvo134-1

Научниците од Торонто и Лондон тврдат дека може да се намали нивото на холестерол и шеќер во крвта ако јадете заедно бадеми и бел леб. Сепак, ова не им се препорачува на сите, бидејќи бадемите се богати со масти.

Иако звучи неверојатно, нивото на холестерол и шеќер во крвта можете да го намалите ако јадете бадеми и бел леб заедно. Тоа го тврдат научниците од Торонто и Лондон, кои се занимавале со влијанието на оваа необична комбинација. Доброволците кои учествувале во истражувањето јаделе секојдневно 50 гр бел леб со 30, 60 или 90 г бадеми.

По извесен период, се покажало дена нивото на шеќер и холестерол во крвта им е значително пониско отколку кога јаделе само леб. Исто така, ефектот е најизразен кај лицата кои консумирале по 90 г бадеми.

Меѓутоа, таа количина не им се препорачува на сите, бидејќи бадемите се богати со масти, па во 90 гр содржат дури 510 калории.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП