21 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФилмските режисери од Македонија поканети да учествуваат на фестивалот „LETS’S CEE Short...

Филмските режисери од Македонија поканети да учествуваат на фестивалот „LETS’S CEE Short Film 2017“

short-film3

Филмските режисери од Македонија, на возраст до 35 годишна возраст, се повикани да учествуваат на фестивалот на кратки филмови „LETS’S CEE Short Film 2017“ на тема „Светот во транзиција“.

На овој фестивал ќе учествуваат и режисери од Централна и Источна Европа, Кавкаскиот регион, Турција и Австрија.

Делата со кои ќе се учествува на натпреварот не треба да бидат подолги од 30 минути, а формуларот за аплицирање мора да се потполни темелно, со сите релевантни информации.

Поради зголемениот број пријави (500-тини само во рамките на последното издание), ќе се наплаќа по 10 евра во денарска противвредност по филм. Детални услови за поднесување на филмовите може да се проверат на http://www.letsceefilmfestival.com/home.html.

Македонскиот режисер Милчо Манчевски го посети LET’S CEE филмскиот фестивал во 2014 година, каде што одржа предавање и го презентираше неговиот филм „Пред дождот (Македонија/ Франција/ Велика Британија 1994). Филмот беше прикажан во рамки на „25 Ретроспектива“ и беше одбран од меѓународните критичари како најдобар филм кој бил продуциран во последните 25 години (односно, од падот на Железната Завеса) во 25-те земји покриени од LET’S CEE филмскиот фестивал.

Останати филмови од Македонија (селекција):
– „Трето полувреме“ (Македонија/ Република Чешка/САД 2012, режисер: Дарко Митревски, CEE Highlights 2013; гостин: Роберт Насков, продуцент);
– „Медена Ноќ“ (Македонија/ Република Чешка/Словенија 2015, CEE Highlights 2015; Режисер: Иво Трајков; гости: Иво Трајков и Верица Недеска, актерка).

Сите македонски филмови, освен Пред Дождот, беа презентирани како австриски премиери.

Исто така, за прв пат, на овој натпревар, со свои дела се поканети да учествуваат и филмски режисери од други држави, кои немаат можност да се натпреваруваат за главната награда во конкуренција на краток филм, ниту да бидат поканети во Виена, Австрија.

„Во секој случај, најдобриот ќе биде прикажан во рамки на Специјалната програма на кратки филмови на фестивалот „LET’S CEE Short Film“ од една едноставна причина: огромен придонес од режисерите од не-Централна и Источна Европа. Ова е причината што, секако, тие се уште се квалификувани за Наградата од публиката за краток филм“, велат организаторите.

Советодавниот одбор, на чело со познатите филмски режисери од иранско потекло, Араш Т. Риахи и Арман Т. Риахи, кои живеат во Австрија, ќе го утврдат високиот потенцијал на филмовите на поднесените дела од Централна и Источна Европа. Најдобрите 10 ќе бидат прикажани на натпреварот Краток Филм, а, додека најмалку уште десет ќе се прикажат надвор од конкуренцијата. Понатамошните кратки филмови, посебно продукција од не-ЈИЕ земји, ќе бидат прикажани во специјалната програма на Кратки филмови.

По презентацијата на продукциите на земјите-учеснички, меѓународно жири ќе го објави победникот за главната награда на филмскиот конкурс за краток филm (1.500 евра и фигура на Уранија) на Церемонијата за награди, која ќе се одржи на 25 март 2017 година во киното Уранија во Виена, Австрија. Како што веќе споменавме, секој краток филм прикажан во рамки на фестивалот ќе има можност да ја прими наградата на публиката во вредност од 1.500 евра во оваа категорија.

Режисерите што ќе победат на натпреварот Краток филм ќе имаат и други придобивки. Едно лице инволвирано во проектот ќе биде покането во Виена како гостин да ја презентира својата работа (на сметка на LET’S CEE и на патнерите). Покрај ова, овие десет режисери ќе добијат одлична можност, бесплатно, да бидат дел од LET’S CEE Академијата за таленти, што заеднички опфаќа пристап и до мастер класата на LET’S CEE и до LET’S CEE деновите на индустријата. Што е уште поважно, 15 претставници од сите кратки филмови прикажани на филмскиот фестивал ќе добијат место и во LET’S CEE Академијата за таленти. Тоа подразбира учество на средби на сите филмски работници, воспоставување контакти со успешни режисери, продуценти, актери и размена на искуства за нови идеи со другите филмски работници. Сите ќе бидат охрабрени да иницираат нови соработки и проекти.

Четврти пат по ред, филмскиот продуцент и културен менаџер Роберт Хоферер и Арделукс Кунст Културменаџмент ГмбХ ќе бидат спонзори на наградата на главната категорија во Краток филм. Официјалниот вински партнер на LET’S CEE филмскиот, LILIAC ќе донира 1.500 евра за Наградата од публиката во 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП