Кеи Нишикори со победа стартуваше на завршниот Мастерс во сезоната. Јапонецот во групата „Џон Мекинро“, во два сета го победи Стан Вавринка.
Нишикори во седмиот меѓусебен дуел, ја забележа третата победа против Швајцарецот и на некој начин му се реваншира на Вавринка за поразот во полуфиналето на УС Опен.
Вавринка одигра лош меч, не успеа да му парира на Јапонецот иако тој го погодуваше првиот сервис со само 46-отстотна успешност.
Инаку Нишикори е четвртиот тенисер кој успеал да го победи Вавринка во Лондон, претходно тоа на два пати им успеало само на Ѓоковиќ, Федерер и Надал.
Во второто коло, Нишикори ќе игра против Чилиќ, а Вавринка против Мари.