21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗAlfa Romeo вети 9 модели за 5 години

Alfa Romeo вети 9 модели за 5 години

fica3

Компанијата „Alfa Romeo“ планира да пушти на пазарот во следните 5 години цели 9 нови модели. Ова го пишува весникот „Autocar“ кој го цитира шефот на италијанската марка Рид Бигленд.

Првиот од нив ќе го видиме за неколку дена. Ова ќе биде кросоверот „Stelvio“, кој ќе дебитира за време на отворањето во Лос Анџелес автомобилски саем. Теренецот се подготвува да стане конкурент на „BMW X3“ и „Audi Q5“, а ќе ги добие моторите од седанот „Alfa Romeo Giulia“. Тоа се бензински и дизел мотори со 4 цилиндри кои развиваат меѓу 150 и 280 КС.

Новиот „Stelvio“ ќе добие и спортска модификација, опремена со 2,9-литарски Твин-турбо V6 мотор кој кај седанот „Giulia Quadrifoglio Verde“ развива моќност од 510 КС. Овој модел ќе  конкурира со топ-верзиите на „Jaguar F-Pace“ и „Porsche Maсan“.

Во 2017-та година Италијанците ќе предложат нова модификација на „Giulia“. Ова ќе биде караван, кој исто така ќе одговараат на погонските агрегати на седанот. Оваа верзија ќе биде насочена најмногу кон пазарот во Европа, каде што побарувачката на слични автомобили е сериозна.

Според зборовите на Бигленд во „Alfa Romeo“ ќе продолжат да развиваат кросовер, како во 2018-та година ќе се појави предводник на брендот во овој сегент. Ова ќе е голем теренец врз основа на „Maserati Levante“ кој ќе се бори за клиенти со „Audi Q7“ и „BMW X5“.

Освен тоа, во компанијата работат и на модификација на „Stelvio“, тип крос-купе. Таа ќе се натпреварува со „BMW X4“. По неа треба да се појави и компактен кросовер со големина на „BMW X1“, кој ќе го заземе местото на хечбекот „Giulietta“.

Меѓу новите модели, планирани од Италијанците е целосно нов автомобил, кој ќе го замени „4C“. За него „Alfa Romeo“ ќе го патентира името „Brera“, а во основата ќе биде шасијата со заден пренос на „Giulia“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП