26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбразованието воопшто не одговара на потребите на економијата

Образованието воопшто не одговара на потребите на економијата

obrazovani3353

Ако се знае дека 65 отсто од децата кои сега се запишале во основно образование ќе работат на работни места кои сега не постојат, треба да се направат огромни реформи во образованието за да се створи способна работна сила за предизвиците кои ги нуди економијата.

„Генерално има определба на ставотите кон оваа четврта револуција. Едни велат дека тоа ќе доведе до невидено губење на работни места, или велат роботите ќе ни ги земат работните места, а други велат дека дава неограничени можност за раст на економиите. Значи, јас би сакала ние да сме во оваа втора група“, рече Николета Никица Мојсовска-Блажевски, декан на Факултетот за деловна економија и организациони науки на УАКС, на конференцијата „Перспективи 2016“, во петок.

Таа посочи дека токму затоа треба да бидеме свесни дека веднаш мора да се почне со реформи за да го фатиме чекорот.

„Почнувајќи од образованието кое во моментов воопшто не одговара на новите системи или парадигми на раст и секако создавање на еден сектор во економијата којшто ќе биде иновативен којшто ќе биде технолошки воден. Засега она што го имаме во нашата структура на економијата е преовладување на традиционалните сектори меѓутоа мора од сега да почниме да работиме на развивање на еден паралелен систем иновативен којшто во иднина ќе овозможи да ги апсорбира работните места од традиционалните сектори“, рече Мојсовска – Блажевски.

Покрај формалното образование, смета таа, мора да се развиваат системите на доживотно учење.

„Веќе не може да сметаме дека кога сме завршиле формално образование до крај на животот ќе ги користиме истите вештини мора постојано да се работи на доживотно учење на тренинзи и обуки тоа е иднината“, вели Мојсовска – Блажевска.

Македонија каска, но каскаат и другите поради несоодветноста на образовниот систем.

„Едноставно нашите образовни системи се насочени на квалификации формално образование протоа заборавајќи ги вештините. Вештините се она што во иднина ќе треба. Или се вели роботите ќе ги земат работните места тие се уште не се на тоа ниво да ја заменат емоционалната интелегинција мулти културните познавања или работење. Тоа е она што ни фали да го развиваме кај идните генерации Според статистиките вели 65 проценти од децата кои сега се запишале во основно образование ќе работат на работни места кои денес не постојат. Значи мора да правиме крупни реформи во образованието“, рече Мојсовска – Блажевска.

На конференцијата треба да се разговара за иднината на Македонија, нешто што според неа, за жал не го правиме доволно, а вели дека нашата визија кон иднината е малку замаглена од тековните состојби било економски, политички, геополитички.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП