27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДурент без милост кон поранешниот тим, ГС ја растури Оклахома (видео)

Дурент без милост кон поранешниот тим, ГС ја растури Оклахома (видео)

thunder-warriors

Долгоочекуваната прва средба на Кевин Дурент со својот поранешен тим Оклахома, мина во знакот на Голден Стејт и самиот Дурент кој со 39 поени буквално го прегази тимот во која настапуваше до оваа сезона.

Дурент беше исклучително шутерски расположен постигна 39 поени, погоди 15 од 24-те обиди од поле (7/11 за тројка) и го предводеше Голден Стект до убедливиот триумф 122:96.

На спротивната страна потфрли Расел Вестбрук кој постигна за негови стандарди скромни 20 поени. Вестбрук на изминатите натпревари во просек постигнуваше по 38 поени.

Интересно, Вестбрук на загревањето се појави со „маркер“ каков што носат фотографите што многумина го сфатија како провокација до поранешниот соиграч Дурент чии хоби е фотографијата.

„Дојдов така облечен бидејќи јас така сакав. Нема некоја посебна причина, нема никава заднина. Едноставно тоа сакав да го носам. Не облекувам ништо што не ми се допаѓа ниту пак поради некоја друга особа“, рекол Вестбрук.

„Не ме интересира што другите носат на натпревар. Не ме интересира што облекол. Секој кој ме познава и знае како играм точно знае за што се работи. Јас на теренот секогаш сум свој. Се додека на теренот постои граница јас немам проблем со тоа“, рекол Дурент.

Оклахома одлично му парираше на Голден Стејт во првата четвртина (31:32), но во вториот период вицепрваците го декласираа противникот (37:11) и го решија мечот уште на полувремето.

Покрај Дурент кај Голден Стејт се истакнаа Стеф Кари (28 поени, 7 асистенции) и Клеј Томпсон (18 поени).

Шампионот Кливленд, во дербито на Истокот, славеше против Бостон 128:122. Доминираше Леброн Џејмс со 30 поени (20 во третата четвртина), 12 асистенции и седум скокови, а поддршка доби од Кевин Лав (26 поени), Кајри Ирвинг (23 поени) и Тристан Томпсон (25 поени, 14 скокови).

Бостон го предводеа Ајзеа Томас (30 поени), Ејвери Бредли (26 поени) и Џејлен Браун (19 поени).

Милвоки изненадувачки убедливо ја победи Индијана 125:107. Блескаа Џабари Паркер и Јанис Андетокумбо кои постигнаа по 27 поени. Кај Индијана се истакна Пол Џорџ со 23 поени.

Францускиот репрезентативец, Еван Фурние постигна 29 поени во победата на Орландо над Сакраменто 102:94. Демаркус Казинс беше најефикасен кај Сакраменто со 33 кошеви.

Денвер победи кај Минесота 102:99. Данило Галинари и Вилсон Чендлер постигнаа по 19 кошеви. Карл-Ентони Таунс со 32 и Ендрју Вигинс со 25 поени ја предводеа Минесота.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП