25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПсихолози: Цртаниот „Маша и мечката“ штетно влијае врз децата

Психолози: Цртаниот „Маша и мечката“ штетно влијае врз децата

masa-medved

Руските психолози по спроведени истражувања, соопштиле кои цртани филмови имаат штетно влијание врз умот на децата. На првото место според нив е рускиот цртан филм „Маша и мечката“.

Цртаниот филм „Маша и мечката“ има огромна популарност не само во Русија, туку и во Италија, Велика Британија, Германија, Македонија, Србија, Индонезија и на Истокот. Популарноста на девојчето Маша во муслиманскиот свет е поврзан со фактот дека нејзината глава е покривена со марама, стои во истражувањето.

Според психолозите овој цртан фил има лошо влијание врз децата бидејќи девојчето Маша има лошо однесување – стално изведува некои трикови и гетикулира.

Во истражувањето стои дека тоа може лошо да влијае врз децата која можат да помислат дека таквото однесување е нормално.

Американскиот „Monster High“, е на второто место. Психолозите сметаат дека во овој цртан филм има неприкладен вокабулар.

Популарниот „Сунгерот Боб“ се наоѓа на третото место, според ова истражување. Писхолозите наведуваа дека главниот лик е премногу себичен и стално ги критикува возрасните.

На четвртото место е американскиот класик „Том и Џери“. Стручњаците сметаат дека главните ликови глушецот и мачката имаат недолично однесување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП