29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДовициозо ја освои ГН на Малезија

Довициозо ја освои ГН на Малезија

dovi

Андреа Довициозо ја освои Големата награда на Малезија и стана деветтиот возач кој забележал победа во спектакуларната сезона, во кралската класа во Мото ГП шампионатот.

Возачот на Дукати, Андреа Довициозо, со победа го комплетираше брилијантниот викенд во Малезија, бидејќи покрај победата, тој ја освои пол позицијата и го возеше најбрзиот круг.

Довициозо ја забележа првата победа во „кралската класа“ по пауза од седум години, тој претходно победи во 2009 година на патеката Донингтон.

Покрај Довициозо, место на подиумот освоија и неговиот сонародник Валентино Роси и Хорхе Лоренцо, и двајцата возачи на Јамаха.

Марк Маркез, кој уште пред две трки ја обезбеди шампионската титула, не ја заврши тркатата.

До четвртата позиција стигна Ектор Барбера, пред Лорис Бас и Маверик Вињалес, а најдобрите десет ги комплетираа Алваро Баутиста, Џек Милер, Пол Еспаргаро и Данило Петручи.

Сезоната во Мото ГП првенството ќе заврши на 13. ноември во Валенсија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП