19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБоб Дилан по две седмици се огласи во врска со Нобеловата награда

Боб Дилан по две седмици се огласи во врска со Нобеловата награда

135989873RJ015_17th_Annual_

Американскиот поет, кантавтор и композитор Боб Дилан првпат по две седмици откако беше објавено дека е добитник на годинешната престижна Нобелова награда за литература се огласи дека објавата од 13-ти октомври го „оставила без зборови“, и потврдил дека ќе ја прими награда.

Боб Дилан, инаку е првиот музичар кој ја примил оваа престижна награда. А изборот на Нобеловиот комитет за доделување на наградите предизвика контроверзии во литературните кругови во светот, и многумина јавно се изјаснија дека наградата треба да му припадне на писател на книги, а не на песни.

Молчењето на Дилан за добивањето на најпрестижното светско признание, исто така, беше силно критикувано, а членовите на Шведската академија го нарекоа „арогантен“. Академијата порача дека, откако пет дена по објавувањето на името на лауреатот безуспешно се обидувале да стапат во контакт со него, за лично да го известат дека ја добил наградата – се откажале.

Но Дилан претходно седмицава ѝсе јавил на постојаната секретарка на Шведската академија, Сара Даниус, објави во петокот Академијата.

„Дали  ќе примам награда? Секако. Веста за добивањето на Нобеловата награда ме остави без зборови. Многу сум почествуван од наградата“, ја цитира изјавата на Дилан, фондацијата за доделување на овие признанија.

Нобеловата фондација, меѓутоа, сé уште не наведе дали е решено дека Боб Дилан ќе присуствува на церемонијата на доделување на наградите во декември во шведската престолнина Стокхолм.

Веста за конечниот прекин на молкот по доделувањето на наградата дојде истовремено со објавувањето на интервјуто на Дилан за британскиот весник The Telegraph. Во разговорот тој потврдува дека „апсолутно“ ќе присуствува на свеченото доделување „доколку тоа биде можно“.

Славниот уметник вели во разговорот со новинарката Една Гандерсон дека е „вџашувачки, неверојатно“ да се прими оваа чесна награда. „Кој воопшто би сонувал за тоа?!“, вели Дилан.

Условно се согласува тврдењето на Шведската академија дека неговото дело е книжевност која ѝприпаѓа на усната и пејачката традиција на древните поети како Хомер или Сафо. „Претпоставувам, на некој начин“, вели наведувајќи некои од своите песни како примери „Blind Willie“, „A Hard Rain“ и „Hurricane“.

„Меѓутоа, другите треба да го одредат значењето“ на неговите песни, вели. „Тоа би требало да го знаат академиците. За тоа не сум квалификуван“, изјави Дилан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП