21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо сабота наутро без струја во Пинтија, во понеделник во Маџари

Во сабота наутро без струја во Пинтија, во понеделник во Маџари

%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d1%98%d0%b0

Операторот ЕВН Македонија АД извести во петокот дека на ден 29.10.2016 година (сабота) без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во Зона Пинтија, а во понеделникот и корисниците на улица Маџари, во Скопје.

Во периодот од 06.30 до 07.30 часот во сабота без струја ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Борис Трајковски“, односно целата Индустриска Зона Пинтија, делот од семафорите во Пинтија до влезот на населбата Драчево, во општина Кисела Вода.

Во понеделник, 31.10.2016 година, пак, без електрична енергија ќе останат во периодот од 07.30 до 09.00 часот, корисниците од улицаа „Маџари“ ББ, бензиска пумпа „Жито Маркет М“, во општината Гази Баба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП