17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо пари може да "купите" пасош од ЕУ

Со пари може да “купите” пасош од ЕУ

pasos-evropa

Во многу земји членки на ЕУ, на богатите им е многу полесно да добијат пасош од сиромашните, пишува Дојче Веле.

Можноста за “купување државјанство” е особено популарна и е најпосакувана од оние кои сакаат да ја напуштат својата татковина, во земјите погодени од економската криза, а пасошот од членка на ЕУ им овозможува да се чувствуваат слободно и опуштено движење, односно патување.

Ограничувањата кои претходно морале да ги почитуваат, со поседување на ново државјанство автоматски исчезнуваат. Покрај тоа, кога имаш пасош на ЕУ е многу полесно да направиш бизнис во Европа.

Доколку некој сака да стане државјанин на Кипар, во иднина ќе мора да инвестира најмалку три милиони во земјата. Барем тоа беше најавено од страна на претседателот на Кипар Никос Анастасиаидис за време на минатонеделната средба на бизнисмени во јужно-кипарскиот град Лимасол.

Тој со тоа првенствено сака да ги привлече руските инвеститори, за кои во иднина е многу добро свесен за загубите кои ќе бидат направени како резултат на обезбедувањето на финансиска помош за Кипар од Брисел. И до сега беше можно да се “купи” кипарскиот пасош, каде заинтересираните беше потребно да инвестираат најмалку 15 милиони евра во земјата во рок од пет години.

Правилата како овие се несоодветни, вели Жан Филип Албрехт, член на германската Зелена партија во Европскиот парламент. Тој ја претставува идејата за заедничка, унифицирана имиграциона политика за целата Европска унија.

“Мислам дека тоа е во основа многу дискутабилно кога земјите од ЕУ ги споделуваат нивните државјанства без некои јасни насоки. Покрај тоа, голем број на луѓе кои веќе живеат во земја на Унијата, очекуваат доделување на државјанство. Правилата за тие доделувања ќе треба да бидат за сите исти”, рече Албрехт, во интервју за Дојче Веле.

Меѓутоа, во различни земји на ЕУ сега за сега, постојат различни правила и закони кои се однесуваат на имиграцијата. Таков е случајот во Ирска до 2001-та година, каде преку инвестиции во земјата може на релативно лесен начин да се дојде до државјанство.

Во меѓувреме, сепак, тоа беше променето, така што инвестирањето од околу 500.000 евра во државен проект во областа на образованието, здравството, уметноста и спортот, гарантира само дозвола за престој.

Во Португалија, дозволата за имиграција е поврзана со купување на недвижен имот, а наскоро истото ќе биде на сила и во Шпанија. Земјата планира да воведе правило, според кое, некој ќе биде во можност да добие дозвола за престој при купување на недвижен имот во износ од најмалку 160.000 евра.

Доколку некој сака да стане унгарски граѓанин, потребно е да купи само одреден број на државни обврзници – а тоа до сега го направија многу лушѓе од Индија, Русија и Кина.

Од сите европски земји, Австрија е на прво место од оние кои отворено се рекламираат за можноста за добивање на пасош за богатите.

Во Австрија законски е одобрено добивање државјанство на оние кои “до сега правеле и ќе продолжат да прават многу од она што е во интерес на Република Австрија.” Според извештаите на медиумите, австриски пасоши, според овие критериуми веќе имаат добиено еден саудиски хотелиер и руска оперска пејачка Ана Нетребко.

Според мислењето на Дитрих Транхард, професор од Универзитетот Минстер и стручњак за имиграциона политика, ваквата пракса на одредени земји не и штети на Европската унија.

Како и да е, како што вели тој, бројот на луѓето кои на таков начин доаѓаат до пасошот на ЕУ е многу мал. Во текот на 2012 година во Австрија никој не добил пасош за “посебни заслуги”. Една година порано, австриско државјанство на овој начин добиле 23 луѓе.

Според професорот Транхард, сите земји на Европската Унија, на побогатите и пообразовани луѓе полесно и побрзо им отвараат врата отколку на оние кои навистина имаат потреба и сиромаштијата ги довела до овие земји.

“Ако се обидувате да спречите влез на сиромашните, како што се зборува за оние кои се “економски безвредни”, тогаш целата работа има сличен карактер како и купувањето на пасош во Кипар”, рече Транхард.

Кога станува збор за воведување на заедничка ЕУ имиграциона политика, за сега веројатно нема да се промени ништо.

“Прашањата и условите за доделување на државјанство, во моментов е сеуште се решаваат на национално ниво. Значи, секоја земја членка на ЕУ самата одлучува. На ниво на унијата, засега за тоа не се дискутира. А тоа, според мое мислење – не е во ред”, вели Дитрих.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП