25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКризата ќе „пустоши“ уште десет години

Кризата ќе „пустоши“ уште десет години

Belgium Nobel Peace

Трајното решение за кризата ќе дојде само тогаш кога политичарите ќе престанат да се потпираат на Европската централна банка и ќе тргнат во далекусежни структурни реформи.

Совладувањето на кризата и нејзините последици ќе биде голем предизвик во наредните десет години, предупреди гувернерот на „Bundesbank“, Јенс Видман.

Во интервјуто за „Wall Street Journal“, Видман вели дека ЕЦБ би можела додатно да ги намали референтните камтни стапки ако новите податоци за економија укажуваат на тоа.

Тој предупредува дека таков потег нема да ја преврти економијата во еврозоната. ЕЦБ не може, вели, брзо да ги поправи проблемите.

„Сите прашуваат што уште може да направи централната банка, наместо да прашуваат на кои останати начини носителите на економската политика можат да придонесат“, истакнува Видман. Тој смета дека БДП во еврозоната оваа година би требало да забележи раст, делумно поради брзата глобална активност. „Меѓутоа, мирот кој сега го гледаме може да биде опасен“, јасен е Видман.

Германскиот гувернер не е единствениот кој е загрижен околу идниот економски раст. Неговиоте колеги од останатите централни банки стравуваат од последиците на кризата.

„Не разбираме потполно што се случува во развиените економии“, изјави Лоренцо Бини Смаги, поранешен член на извршниот одбор на ЕЦБ, коментирајќи ги се полошите прогнози на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Гувернерот на „Bank of England“ Сер Мервин Кинг, вели дека постои ризик дека централните банки премногу ветуваат или дозволуваат од нив премногу да се очекува.

ММФ смета дека потезите на централните банки биле апсолутно потребни, но предупредува дека постојат ризици поради нападот на евтините пари на пазарот. „Едноставно речено, се наоѓаме во неистражено подрачје“, вели Хозе Винал, шеф за финансиската стабилност во ММФ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП