24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРуди Гарсија нов тренер на Олимпик Марсеј

Руди Гарсија нов тренер на Олимпик Марсеј

cfocuscalciodotit_rudi_garcia

Францускиот тренер Руди Гарсија официјално го раскина договорот со Рома и во иднина ќе го предводи тимот на Олимпик Марсеј.

Гарсија, во јануари, доби отказ од Рома, но бидејќи договорот беше едонстрано раскинат тој остана на платниот список на римскиот клуб се додека не пронајде нова работа.

Рома на својата официјална интернет страница објави дека се договорила со 52-годишниот тренер и му посакала успех во понатамошната кариера.

Руди Гарсија две и пол години ја предводеше Рома и два пати беше втор во Серија А, а со десет победи на почетокот на сезоната 2013/2014 постави апослутен рекорд во Италија.

Тој изминатите недели се споменуваше како наследник на Франк де Бур во Интер, но сепак реши да се врати во татковината каде во минатото со голем успех ги предводеше Лил, Ле Ман и Сент Етиен.

Гарсија во Марсеј пристигнува по неколку дена откако клубот го купи американскиот бизнисмен Френк Мекорт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП