27 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАСаем на книги во Феникс

Саем на книги во Феникс

biznis-knigi

Издавачката куќа Феникс, во месецот на книгата октомври, од 20 октомври до 20 ноември организира Голем саем на книгата во своите четири продавници во Скопје.

За таа цел, со попусти од 50-80 насто ќе бидат презентирани над 10.000 наслови за возрасни и деца.

Меѓу понудените наслови се и книгите: Феминизам од Андре Мишел, Фројд од Ролан Жакар, Антологиите на хорор и крими приказни, Јас сум гениј и Ослободување на прстите од Салвадор Дали, Љубов, убавина и слава од Енди Ворхол и многу други изданија, кои ќе се продаваат со најголеми попусти досега.

На Големиот саем на книгата во Феникс, кој ќе се одвива под заедничкиот слоган Книги за сите генерации, ќе бидат изложени боенки, сликовници, енциклопедии, лектити за основно и средно образование, прирачници, хитови и бестселери.

Исто така, на Саемот на книгата во Феникс ќе биде промовирано новото списание Тренд филм, а ќе биде организирана трибина на тема Списанијата денес на која ќе бидат претставени и списанијата Книжевна академија и Учење низ игра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП