8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалувањето на средната класа во Русија крие ризик за управувањето со инфлацијата

Намалувањето на средната класа во Русија крие ризик за управувањето со инфлацијата

moskvata39844

Руската централна банка откри уште негативни последици од намалената средна класа во земјата, пишува „Bloomberg“. Регулаторот предупредува дека неговата способност да управува со инфлацијата е изложена на ризик поради растечката нееднаквост и исчезнувањето на домаќинствата со средни приходи, кои се чувствителни на промените на каматните стапки и цените.

Приходите и домашната побарувачка се уште се намалуваат со невидена стапка за управувањето на Владимир Путин. Податоци кои треба да бидат објавени се очекува да покажат дека продажбата на мало се намалува во септември 21 последователен месец, а пак реалните еднократни приходи запишуваат годишен пад од 7%. Ова се просечните прогнози од истражувањето на „Bloomberg“.

Потрошувачката во Русија се намалува, бидејќи платите не може да растат со исто темпо со кое се зголемуваат трошоците за живот. Така во последните две години откако започна економската криза, 14 милиони руси веќе се надвор од средната класа, покажува истражувањето на „Сбербанк“. Намалувањето на оваа социјална група која е просперитетна за време на нафтениот бум и се зголеми двојно, сега се развива во спротивна насока. Многу од овие луѓе сега се потпираат на државна помош и станаа ранливи од промените во фискалната политика.

„Намалувањето на средната класа не е добро за управувањето на инфлацијата, бидејќи ризиците од страна на фискалната политика се поголеми”, вели Олег Кузмин, поранешен советник во централната банка, кој е главен економист за Русија во „Renaissance Capital“ во Москва.

Додека зголемената нееднаквост ја стеснува потрошувачката, а исчезнувањето на средната класа може да го загрози растот, влијанието на поларизацијата во приходите врз политиката на централната банка е помалку очигледна. „Подлабоката социјална нееднаквост ја слабее ценовната еластичност на побарувачката и ја усложнува задачата да се контролира инфлацијата“, смета регулаторот.

Посиромашните семејства кои обично немаат заштеди и пристап до кредитирање, трошат за основни производи и не реагираат на промените во каматните стапки. Побогатите домаќинства од друга страна, исто така не реагираат, бидејќи трошат многу мал дел од својот приход за основните потреби.

„Домаќинствата од средната класа се најмногу подложни на промени во каматните стапки и во потрошувачките цени, што ги поттикнува производителите да направат промени во однос на нивната побарувачка“, пишува во проектните насоки на централната банка за периодот 2017 – 2019 година. „Економска политика која промовира рамномерна распределба на приходите во општеството, ќе создаде услови не само за балансиран развој и социјална стабилност, но и ќе се подобри ефикасноста на монетарната политика“, се вели уште во текстот.

Веќе има предизвици пред централната банка. Сигурноста и е изложена на ризик, бидејќи 2015-та година беше четврта година по ред во која инфлацијата ги надмина целните нивоа. Централната банка, на чело со Елвира Набиулина, стравува дали ќе успеат да ја вратат инфлација на ниво од 4% на крајот на 2017-та година, поради што ветуваат да ја задржат каматната стапка без промена до крајот на оваа година. Централната банка ја намали два пати основната каматна стапка во 2016-та година до 10%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП