5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТајната на добриот вкус: Млекара Здравје Радово со Есенски млечни деликатеси

Тајната на добриот вкус: Млекара Здравје Радово со Есенски млечни деликатеси

zdr-95

Викендов, во маркетот Веро Џамбо во Скопје – Млакара Здравје Радово на сите посетители им приреди интересно изненадување!

Во рамките на акцијата Есенски млечни деликатеси, со специјално подготвени штандови ја откри Тајната на добриот вкус! На централниот штанд посетителите имаа шанса да пробаат тазе направен домашен ајвар на лепче и конечно да ја решат мистеријата на сите домаќинки: Каков ајвар е најдобро да се подготви или да се купи веќе подготвен?

zdr-90

Некои домаќинки традиционалниот ајвар го прават само со пиперки, некои додаваат моркови или пак црн патлиџан или домат, а некој едноставно истиот го купуваат. Но тајната на уживањето во добриот вкус е сепак во сирењето! Мешаното сирење на Здравје Радово се покажа како неизбежен додаток во било кој и на било каков начин подготвен ајвар. Па така посетителите можеа да направат разлика: ајвар со или без Мешано сирење на Здравје.

„Ние како компанија секојдневно вршиме активни промоции на нашите производи и постојано сме на терен по маркетите, а блиску до нашите потрошувачи. Оваа симпатична промоција во рамките на Есенски млечни деликатеси, беше посветена на нашиот најсилен бренд во тврдата програма, тоа е Мешаното сирење. На импровизирана сцена со ќумбиња и традиционални тенџериња, а со многу пиперки, на домаќинките има покажавме дека тајната на вкусот сепак е
во сирењето. И тоа во Мешаното. Додека трае вечната дебата која домаќинка има подобар ајвар, решивме да им откриеме дека тајната на добриот вкус се крие во сирењето“, изјави Александар Блажевски, одговорен за односи со јавност во Млекара Здравје Радово.

zdr-92

Мешаното сирење на Здравје Радово веќе години наназад е најпрепознатлив бренд на полиците со огромен број на верни и лојални потрошувачи, но и секојдневно нови кои уживаат во оригиналниот вкус на овој традисионален млечен деликатес, направен од 100% внимателно одбрано и селектирано млеко од Македонија.

Покрај за Мешаното сирење, на два придружни штанда во Веро Џамбо се вршеше промоција и дегустација на функционалнииот јогурт Здравје +, а низ игра и забава најмладите можеа да дознаат како се прави слаткиот десерт со многу млеко и ориз Сутлијаш. На трите штанда викендов Млекара Здравје Радово најави и многу интересни акции кои ќе следат во наредниот период.

zdr-94

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП