24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИкарди во војна со навивачите: Ќе ви донесам 100 криминалци и сите...

Икарди во војна со навивачите: Ќе ви донесам 100 криминалци и сите ќе ве убијам

inter-milan-mauro-icardi

Околу 40 најрадикални навивачи на Интер, во неделата, се обидоа да се пресметаат со капитенот на тимот Мауро Икарди, по поразот на тимот од Каљари (1-2). Навивачите најпрвин се обиделе да го пресретнат Икарди додека тој со својот автомобил го напуштал стадионот, а кога тој стигнал пред својот дом таму го чекала уште една заканувачка порака.

Најрадикалните навивачи на Интер, сместени на трибината „Curva Nord“, во неделата со свирежи ја испраќаа секоја акција на Икарди, а не ја криеjа радоста кога тој промаши пенал при резултат 0-0.

Навивачите влегоа во војна со Икарди, во средата, кога излезе неговата биографија, а особено се бесни на делот во кој Аргентинецот опишал момент кога се соочил со еден од водачите на навивачите.

„Ќе се соочам со нив. Колкумина се? 50, 100, 200? Во ред, слушајте ме внимателно, ќе им донесам 100 криминалци од Аргентина и сите ќе ги убијам“, пишува во делот од биографијата на Икарди.

Откако работите се вжештија Аргентинецот се обиде да испрати извинување кое навивачите не го прифатија, туку во неделата му одговoрија со транспарент со пораката: „Ние сме тука, кога ќе дојдат твоите аргентински пријатели, дали ќе не предупредиш или тоа ќе го направиш како кукавица?“.

Војната помеѓу навивачите и Икарди доаѓа во многу незгоден момент за славниот клуб, кој лошо влезе во сезоната и по осум кола во Серија А се наоѓа на 11-то место со исто толку бодови.

Инаку, Икарди минатата недела го продолжи договорот со Интер до 2021 година. Тој стана еден од најплатените играчи во Серија А со годишна плата од 5,5 милиони евра (без бонуси), а откупната клаузула по изнесува 110 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП