26 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФестивал на фигури од овошје и зеленчук „Сочни фигури“

Фестивал на фигури од овошје и зеленчук „Сочни фигури“

fetstiva-vnuk222

Шестиот Фестивал на фигури од овошје и зеленчук „Сочни фигури“, кој што го организира Слоуфуд „Св. Н. Охридски“ од Скопје , традиционално ќе се одржи во петок, со почеток во 11 часот во ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ – Скопје.

На Фестивалот учествуваат повеќе од 20 основни училишта од земјава, кои што ќе изработуваат фигури или композиција од фигури од овошје и зеленчук. Основната цел на Фестивалот е, преку забава и работа, учениците, учесници меѓусебно да се запознаваат и дружат, како и да се надминат сите видови различитости (етнички, верски, интелектуални…). Прифаќањето на децата со посебни образовни потреби од општата популација е движечката сила на самиот проект „Здрави навики преку здрава храна“, преку кој, пак,  учениците се едуцираат за здарвата храна како и за хигиената и културата при исхраната.На крајот на фестивалот ќе се одберат најдобрите училишта кои ќе добијат пригодни награди, а за секој учесник обезбеден е скромен подарок.

Детската фантазија преточена во сочни фигури е празник за очи и предизвик за фотографите и новинарите за овековечување на настанот. Забавниот дел од манифестацијата ќе го збогатат најавените: Ристо Самарџиев, Маја Вукичевиќ, Риплеј, Иве и Кики, Војче Китановски, Адријана  Алачки, Никола и Марк од Брза кујна, Живко Поповски – Цветин и др. Водител на фестивалот е Ирена Спировска.

Со фестивалот „Сочни фигури“,по шестти пат се одбележува Светскиот ден на храната (16 Октомври). На фестивалот ќе учествуваат ученици од основни училишта од Скопје и Р. Македонија и тоа во делот на креативната работилница со изработка на фигури од овошје и зеленчук. Повеќе детали за настанот содржат поканата и агендата кои се во прилог на поканава.
Прославувањето на Светскиот ден на храната е со цел да се поттикне вниманието за земјоделско производство на храна и стимулирање на национални, билатерални, мултилатерални и невладини напори за остварување на оваа цел, да се поттикне учеството на руралното население, жените и најмалку привилегираните категории граѓани во одлуките и активностите кои влијаат врз нивните услови на живеење, да се зголеми јавната свест за проблемот на гладување во светот, да се промовира трансфер на технологии за развој, да се зајакне меѓународната и национална солидарност во борбата против гладта, неухранетоста и сиромаштијата и да се привлече внимание на достигнувањата кај храната и развојот на земјоделството./

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП