14 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНекои момченца од епрувета подоцна може да имаат проблеми со плодноста

Некои момченца од епрувета подоцна може да имаат проблеми со плодноста

hispanic-baby-names-for-your-little-boy

Некои момченца зачнати со потпомогнато оплодување може подоцна во животот да создаваат помалку сперматозоиди и да имаат повеќе проблеми со плодноста отколку врсниците зачнати на старомоден традиционален начин, покажува едно ново холандско истражување чии резултати се објавени во списанието Human Reproduction.

Научниците испитувале група од 54 мажи зачнати со методата на инфрацитоплазматска инјекција на сперматозоиди (ICSI), техника развиена во 1990-те години за да се лекуваат случаите кога неплодноста на двојката била поврзана со проблемите со сперматозоидите.

Во споредба со контролната група мажи зачнати по природен пат, групата зачнати со техниката ICSI имала многу помала просечна концентрација на сперматозоиди, помал вкупен број сперматозоиди, како и помал број подвижни и активни сперматозоиди.

„Оваа студија укажува на тоа дека третманот со ICSI на тешкиот машки фертилитет може да води до истата состојба која ја има таткото. Некој за тоа треба да ги извести двојките“, вели коавторот на студијата Андре Ван Стејртегем од Центарот за репродуктивна медицина на универзитетот Врије во Брисел.

Пред да биде достапна техниката ICSI, двојките кои биле неплодни поради проблемите коишто ги имал мажот со сперматозоидите можеле да зачна единствено со помош на ин-витро оплодување со донирани сперматозоиди, потсетува Ван Стејртегем. Со техниката ICSI лекарите сега можат да ги подготват сперматозоидите и да оплодат јајце клетка со само најздравите сперматозоиди и потоа оплодената јајце клетка да ја всадат во матката.

За мажите кои се неплодни тоа значи дека лекарите може да ги издвојат најквалитетните сперматозоидите и да го осигурат оплодувањето наместо да ги препуштат таквите сперматозоиди на неизвесниот пат до јајце клетката без дополнителна помош.

Мажите зачнати со методата ICSI опфатени со истражување биле на возраст на возраст од 18 до 22 година и меѓу првите се родени со оваа техника. Имале речиси преполовена концентрација на сперматозоиди и значително помал број сперматозоиди, како и намален на подвижни сперматозоиди во споредба со врсниците зачнати по природен пат, покажува студијата.

Поради тоа што синовите може да ја наследат неплодноста, резултатите од оваа студија не претставуваат потполно изненадување, истакнуваат авторите на истражувањето.

Иако податоците од ова истражување покажуваат дека квалитетот на спермата на мажите родени благодарејќи на методата ICSI се многу полоши, од резултатите на автоматските не произлегува дека момченцата зачнати со таа метода се помалку плодно како и нивните татковци, вели Алан Пејси, научник од британскиот универзитет Шефилд коментирајќи го истражувањето во коешто не учествувал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП