12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Бавната смрт на традиционалните медиуми

График на денот: Бавната смрт на традиционалните медиуми

smrt-mediumi-98

Бил Гејтс еднаш рече дека систематски ја преценуваме промената која ќе се случи за две години, додека во исто време ја потценуваме промената која ќе се случи по десет години, пишува „Visual Capitalist“.

Континуираната дебата околу смртта на традиционалните медиуми дефинитивно одговара на оваа прогноза.

Во последните пет до десет години луѓето зборуваат за тоа како весниците, списанијата или станиците ќе станат надминати. И иако некои работи се променија во сите овие индустрии, досега се уште немаше целосна промена на парадигмата.

Денес сепак можеби веќе сме ја достигнале оваа пресвртна точка.

Во неодамнешно интервју за факултетот за новинарство „City University of New York“, Кен Лерар ги опишува предизвиците пред традиционалните медиуми: „Треба да го исправиш авионот, додека се уште леташ со него“.

Лерар, коосновачот на „The Huffington Post“ и актуелен претседател на „Buzzfeed“, алудира на фактот дека традиционалните медиуми треба да ги одржуваат старите бизнис модели, базирани на претплата и приходи од печатени реклами, додека во исто време успешно се впуштаат во дигиталниот свет.

Поуката од оваа приказна? Некои од овие „авиони“ ќе се приземјат безбедно, но повеќето ќе имаат незгода и ќе изгорат.

Денес, структурата на трошоците на традиционалните медиуми нема економска смисла во дигиталниот свет. Трошоците за управување со бизнисот се високи, а приходите се наоѓаат тешко поради ограничувањата на успех со пристапот со претплата, екстензивно блокирање на реклами и стабилниот пад на цените на големите реклами.

Зошто традиционалните медиуми се адаптираат на промените толку бавно? Зошто едноставно не скратат половина тим, не ја „шутнат“ печатарската дејност и не почнат од почеток?

smrt-mediumi-99

Причината е дека големите извори на приходи се прилагодуваат исто толку бавно, колку и тие.

Во 2015-та година има само една возрасна група, над половина претставници од која се уште читаат дневни весници: 65-години и повеќе.

Највпечатлив сигнал за промена сепак е релативниот успех на новите медиумски компании, како „Vice“, „Buzzfeed“ и „Vox“ и фактот дека некои од нивните најголеми поддржувачи се од старата школа. Сите овие компании се „еднорози“, а се проценуваат на најмалку 1 милијарда долари од приватните инвеститори.

Уште поважно е дека инвеститорите имаат и стратешки инвестиции во традиционални медиумски компании кои се обидуваат да го заштитат своето вложување. Меѓу нив се „NBC Universal“, „The Walt Disney Company“, „21st Century Fox“ и „Hearst“.

Дигиталниот свет ќе стане најголем канал за рекламните приходи на глобално ниво до 2019-та година. Ако во 2014-та година дигиталните канали држеа 17,2% од рекламниот пазар, сега се очекува во 2019-та година процентот да се зголеми повеќе од двојно до 38, 9% со приходи од околу 225 милијарди долари.

За сметка на тоа, процентот на весниците ќе се намали за половина од 22,5% во 2014-та година до 10,1% пет години подоцна. Телевизијата исто така ќе ги зголеми своите приходи во рамките на овие пет години – од околу 180 милијарди долари до 230 милијарди долари. Пазарниот удел од рекламите на овој вид медиуми благо ќе се намали, од 38,3% до 35,9%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП