4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба „За слобода и независност“ во Прилеп

Изложба „За слобода и независност“ во Прилеп

marko-cepko

Во четврток, во 19 часот, во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“, ќе биде отворена изложбата „За слобода и независност“.

Изложбата, на која ќе бидта претставени 20 фотографии, Центрот за култура ја реализира во соработка со Амбасадата на Унгарија во Македонија, почесниот конзулат на Унгарија во Битола и општина Прилеп.

Изложбата ќе ја отвори амбасадорот на Унгарија во Македонија Ласло Иштван Дукс заедно со градоначалникот Марјан Ристески, а ќе биде присутен и Ѓуласомоги, заменик шеф на мисијата.

Покрај убавината и естетиката, уметноста поседува и една посебна карактеристика која ја прави уште поуникатна. Тоа е способноста да поврзува, да зближува. Оваа изложба поврзува два народи кои историски можеби и никогаш не биле поврзани, но затоа пак делат исти истории и сведоштва од минатото. 23ти октомври, како датум е подеднакво значаен и за Македонија како и за Унгарија. На овој ден во двете земји се празнува борбата и желбата за слобода и независност. Ако за Македонија 23ти Октомври се празнува денот на македонската револуционерна борба, истиот тој ден во Унгарија се празнува денот на унгарската револуција. На тој ден пред точно 50 години млади студенти, поддржани од своите професори и останати интелектуалци ја започнуваат револуцијата против тогашниот Советски Сојуз и комунистичкиот систем. Иако нивната радост траеше многу кратко поточно 14 дена, сепак гласот на оваа револуција одекна надалеку и беше насловна страна на тогаш а и денес светски најпознати медиуми. Во оваа изложба ќе ги запознаеме и таканаречените херои од Буда, кои што ги жртвувале своите животи за слободата на Унгарија. Покрај хероите во оваа изложба се споменати и оние кои се директно и индиректно виновни за смртта на преку 2.500 Унгарци и задушувањето на востанието. Востанието за жал по почетниот успех беше загушено, но сонот и желбата за слобода и демократија не беа. Тие се остварија во 1989 година кога со падот на комунизмот и овој ден беше прогласен за национален празник.

Со оваа изложба се надеваме дека уште повеќе ќе ги зближиме народите од Македонија и Унгарија потсетувајќи ги дека и двата делат жална но многу богата историја, велат организаторите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП