6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВидео арт на Зоран Попоски во Британија

Видео арт на Зоран Попоски во Британија

zoki3

Видео проект од македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски ќе бидe прикажан во галеријата „Фабрика” во Брајтон, Велика Британија, во четврток, во 19.30 часот.

Видеото на Попоски е дел дел од меѓународниот уметнички проект „И двете страни сега 3 – Конечни граници”, кураторски проект на Ајзак Лунг (Видеотаж, Хонг Конг) и Џејми Вајлд (Видеоклуб, Велика Британија), во кое учествуваат дваесетина уметници од Хонг Конг, Кина и Британија.

„И двете страни сега 3 – Конечни граници” претставува колекција на филмови и видеоарт од Британија, Кина и Хонг Конг кои ги истражуваат темите на релокацијата, миграцијата и меморијата.  „Со оваа колекција од филмови имаме за цел да ги истражиме личните искуства, глобалните теми и фрактури кои треба да се залечат преку културна размена и споделување. И двете страни сега е тактичка програма, којашто ги користи филмот и видеото за проучување на културата и општеството во Британија, Кина и Хонг Конг, и подалеку”, истакнуваат Лунг и Вајлд во нивната кураторска изјава за проектот.

Зоран Попоски во 1974 година е роден во Скопје, магистрирал уметност во нови медиуми, а докторирал студии на културата. Има реализирано повеќе од 70 меѓународни изложби. Негови јавни уметнички проекти се презентирани во Њујорк, Скопје, Даблин, Хонг Конг, итн. Во своите видеа, перформанси и дигитални графики, Попоски ги истражува прашањата на идентитетот, територијата и јавниот простор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП