27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТрадиционално концертот „Ѕвездено небо“ во чест на Тоше Проески во Скопје

Традиционално концертот „Ѕвездено небо“ во чест на Тоше Проески во Скопје

Image (3)

Девет години по последниот концерт кој Тоше Проески го одржа во Скопје, традиционално повторно ќе се одржи музичкиот хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше”.

Настанот ќе се одржи на плоштадот „Македонија” во Скопје, во среда, во 20 часот.

Оваа манифестација се одржува по иницијатива на обожувателите на Тоше Проески, во спомен на прерано починатата македонска музичка ѕвезда, на денот на неговиот последен концерт во Скопје, со цел заедно да се присетат на неговата музика и лик, но и да го создадат легендарното „ѕвездено небо“ во негова чест.

Од фан-клубот на Тоше Проески во Македонија ги повикуваат сите заедно уште еднаш да доκажеме деκа неговите песни и дела ниκогаш нема да згаснат, водени од максимата на Тоше: „За моја среќа, јас и моите обожуватели дишеме како едно”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП